Милиони Индијци на ритуално капење во Ганг покрај короната


 

Се очекува речиси милион хиндуистички верници да се бањаат во водите на реката ганг овој петок и сабота, покрај галопирачкото ширење на Ковид-19 во земјата, вели надлежен за Ројтерс.

Индија во вторникто јави дека има 168.063 новозаразени со Ковид-19, што е 20 пати повеќе од минатиот месец, иако тестирањето е значително под капацитетите.

Многу држави најавија ноќен полициски час, додека главниот град Делхи воведе затворање за викенд, при што затворени се ресторани, и барови откако омикрон варијантата брзо се шири.

Но, десетици илјади аџии веќе стигнаа до местото на годишниот ритуал во Ганг на островот во источната држава Западен Бенгал, кој бележи најмногу случаи во земјата во сојузната држава Махараштра

„Можно е да пристигнат 800.000 до милион луѓе. Се обидуваме да ги спроведеме ковид-протоколите“, рече за Ројтерс Банким Чандра Хазра, министер на Западен бенгал задолжен за организација на фестивалот познат како Гангасагар Мела.

„Исто така организиравме попрскување со света вода од дронови за да нема метеж… но садуии (хиндуистичките свети луѓе) се склони да влезат во водата. не можеме да ги спречиме“.

Сличен голем верски фестивал на северот на индија минатата година помогна во ширењето на делта варијантата која зарази милиони луѓе и уби десетици илјади.

Секоја година на 14 јануари, на важниот хиндуистички ден макар Санкранти, аџии го посетуваат селото Гангасагар за да се искапат во вливот на Ганг во Бенгалскиот Залив.

Лекарите апелираа високиот државен суд да ја поништи одлуката за допуштање на фестивалот оваа година.

Индија има 35,88 милиони заразени со Ковид-19, што е најмногу на светот по САД. Бројот на починати во понеделникто изнесуваше 484.213.