Милијардерката од Вимблдон: Американската тенисерка е побогата од Федерер, Ѓоковиќ и Надал


Американската тенисерка Ема Наваро годинава дебитираше на Вимблдон и беше многу успешна бидејќи стигна до третото коло.

Оваа 23-годишна девојка во првите две кола со многу убедливи резултати ги победи Кинеската Ванг Кианг и Јапонката Наоми Осака.

Таа моментално е 19-та рангирана тенисерка во светот, а многумина се на мислење дека нејзиното време допрва доаѓа бидејќи ѐ се предвидува одлична кариера.

Од тениски награди заработила околу 900 илјади евра, а оние кои ја следат оваа Американка подобро знаат дека е најбогатата тенисерка на светот.

Имено, нејзиното семејство е основач на финансиската групација Шерман уште во 1998 година, а поседува и голем број хотели како и бројни тениски турнири вредни 300 милиони долари.

Поточно, нејзиниот татко е првото име на целата операција, па Бенџамин Наваро вреди неверојатни 1,5 милијарди долари, што ја прави неговата наследничка најбогата тенисерка во светот, побогата дури и од великаните на овој спорт Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Нејзината вредност се проценува на три милијарди, што е многу повеќе од она што споменатите тениски гиганти го заработиле во нивните кариери.