Миленкоски: Голем ден за македонската одбојка


Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Јошко Миленкоски изрази задоволство од изборениот пласман на Европското првенство 2026.

Македонските одбојкари синоќа ја победија Грузија со 3:0 и си обезбедија четврто учество во низа на континенталниот собир.

– Пласманот на Европското првенство е награда за напорната работа во текот на долгото жешко лето. Бевме под притисок да ја победиме Грузија убедливо без изгубен сет. Тие не се воопшто лесен противник, тоа го покажаа во третиот сет. Задоволство е што ја исполнивме целта. Ова е голем ден за македонската одбојка, изјави Миленкоски по средбата со Грузија.

„Црвено-жолтите“ како една од најдобрите пет второпласирани репрезентации во квалификациските групи, изборија пласман на ЕП 2026.