Мијалков оди во „Шутка“, Тони Јакимовски во куќен притвор
Кривичниот совет го прифати предлогот на обвинителката Ленче Ристоска и веднаш по изрекувањето на пресудите за случајот „Таргет-Тврдина“ му определи мерка ефективен притво на Сашо Мијалков. Судот ја задолжи полицијата за да ја спроведе мерката. Ристоска во својот предлог тврдеше дека постои опасност за бегство поради тоа што Мијалков бил многу богат, имал постојан престој во Чешка и тоа можел да го искористи при евентуалното бегство.
Во однос на Тони Јакимовски, кој беше осуден на шест години затвор, судот само делумно го усвои предлогот на обвинителството и нему му определи куќен притвор. Ристоска наведе дека поради тоа што Јакимовски е осуден и во друг процес реална била опасноста од бегство.
Судот, исто така, им одреди ефективен притвор и на двајцата бегалци, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои беа осудени на по 15 години затвор. Тие би отишле во притвор доколку бидат испорачани во земјава.
За другите лица остануваат досегашните мерки на претпазливост. (Н.В.)