Мигрираат и милионерите, еве кои земји ги напуштаат и каде одат

Милионерите и милијардерите се повторно на потег и се очекува дека 122.000 богати поединци да се преселат во нова земја до крајот на годината


Исто како и сите други, индивидуите со висока нето вредност (HNWI) патуваа помалку од вообичаено за време на пандемијата, и како резултат на тоа, нивниот број на миграции имаше тренд на опаѓање. Но, милионерите и милијардерите се повторно на потег и се очекува дека 122.000 богати поединци да се преселат во нова земја до крајот на годината.

Извештајот за миграција на приватното богатство на Henley & Partners ги следи земјите од и во кои богатите поединци се преселиле во последните 10 години; оваа карта ги прикажува прогнозите за 2023 година.

Во овој контекст, како богати се дефинирани поединци со нето вредност од најмалку 1 милион американски долари.

Земјите кои ги пречекуваат новите милионери

Топ 10 земји кои најверојатно ќе станат дом на најголем број милионери и милијардери во 2023 година се расфрлани низ светот, при што Австралија го врати своето прво место оваа година од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Еве подетален поглед на податоците:

Само две азиски земји влегуваат во првите 10, а останатите се шират низ Европа, Северна Америка и Океанија.

И покрај историските економски предизвици, се предвидува дека Грција ќе добие 1.200 поединци со висока нето вредност оваа година. Една од причините може да биде златната визна програма на земјата, каде што богатите поединци можат лесно да добијат престој и на крајот пасоши на ЕУ за вистинската цена – во моментов минималната цена за инвестирање во недвижности од 250.000 евра е сè што е потребно.

Многу од водечките дестинации за милионери се привлечни за богатите поединци поради повисоките нивоа на економска слобода, што овозможува послаби даночни оптоварувања или леснотија на инвестирање. Сингапур, кој очекува да добие 3.200 милионери, е економски најслободниот пазар во светот.

Земјите што губат најмногу милионери

Се очекува Кина да загуби 13.500 поединци со висока нето вредност оваа година, што е повеќе од двојно повеќе од второпласираната земја, Индија (6.500).

Еве подетален поглед на долните 10:

Во голем број од овие земји, строгите регулаторни тела и корумпираните влади може да ја попречат леснотијата со која богаите може да управуваат со сопствените пари.

Во Русија, многу богати поединци се соочуваат со лични царини и трговски ограничувања од западните земји поради војната во Украина. Кинеските мерки против Хонг Конг го направија помалку атрактивно место за бизнис. И конечно, излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ предизвика многу бизниси и поединци да го изгубат лесното движење на работната сила, финансиите и инвестициите што инаку е лесно и непечено во рамки на европските граници.

Некои од овие земји можеби сè уште додаваат домашни милионери и милијардери, но губењето на илјадници богати поединци поради нето миграцијата има значително економско влијание.

Севкупно, милионерите се повеќе се во движење. Во 10-те години на известување – и покрај падот за време на пандемијата – бројот на богати поединци кои се оддалечуваат од нивните земји на потекло расте секоја година.

Еве поглед на бројките:

Во геополитички кревок, но поповрзан свет, не е изненадување да се видат милионери кои „гласаат“ со своите нозе. Како резултат на тоа, владите се повеќе се натпреваруваат да ги придобијат срцата и умовите на светската економска елита на своја страна. (Вижуал капиталист)