Мицотакис се извинува: Не можеме да се криеме зад човечка грешка


Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска им се извини на семејствата на жртвите во железничката несреќа во која загинаа 57 лица.

„Како премиер, им должам извинување на сите, особено на роднините на жртвите“, напиша Мицотакис во пораката до Грците објавена на Фејсбук.

Тој додаде дека во Грција во 2023 година не е можно два воза да одат во спротивна насока по иста пруга и никој да не го забележи тоа.

„Не можеме, не сакаме и не смееме да се криеме зад човечката грешка. Ако работата на далечинскиот управувач беше завршена, оваа несреќа ќе беше практично невозможно да се случи. Фактот дека системот за дигитална контрола ќе биде целосно функционален во следните неколку месеци не е оправдување. Брзо ќе ја истражиме трагедијата и ќе се открие одговорноста. Во следните неколку дена одговорниот министер најави интервенции за итно подобрување на безбедноста на железницата до завршување на системот за електронско администрирање. Сега, ние имаме должност да застанеме со семејствата на жртвите, храбро признавајќи ги грешките на државата“, напиша Мицотакис.

Премиерот зборуваше во неделата наутро, кога во Солун, вториот по големина град во земјата каде што живееја многу жртви во железничката несреќа, беа фрлени молотови коктели врз припадниците на полициските единици за да се потиснат демонстрациите, пренесе грчката агенција „АНА“.

Шефот на станицата во Лариса, призна одговорност за катастрофата. Тој 59-годишен маж, кого медиумите го претставуваат како неискусен денеска ќе се појави пред суд по евентуално обвинение за „убиство од небрежност“, пренесуваат медиумите.

Демонстрантите, според написите, денеска се судрија со полицијата.