Мицкоски: Во Судскиот совет партиски кланови се борат за превласт


Седница на Судскиот совет

Случувањата во Судскиот совет се вандализам, девалвирање, вагабонтство на отворена сцена и процес што ја срами Македонија и што нанесува трајни штети и последици, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„За личноста која беше променета на начин како што беше променета нема да коментирам, тоа како став наш го знаете, од каде потекнува, како потекнува, и тоа што нејзе ѝ се случи во ова опструирано правосудство во Македонија е само последица на тоа што таа сама претставува. Но, ако го коментираме самиот процес тогаш навистина тоа е еден процес на вандализам, на вагабонтство и процес, не само што ја срами Македонија, туку е процес кој што нанесува трајна штета и последици во смисла дека оставаме лош впечаток пред нашите меѓународни партнери“,рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на општина Аеродром.

Според него, случувањата во Судскиот совет се резултат на борба за превласт меѓу партиски кланови. За да се стави крај на тоа, Мицкоски предлага да се оди на избори.