Мицкоски во Дубаи разговараше со инвеститорот на „Белград на вода“


 

На четвртиот ден од посетата на Обединетите Арапски Емирати македонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски се сретнала со Мохамед Алабар, основач и извршен директор на „Игл хилс“ компанија што развива недвижнини и која инвестираше во проектот „Белград на вода“ во Србија. Делегацијата разговарала и со Мохамед Хасан aл Суваиди, директор на Абу Даби развојна холдинг компанија, глобален инвеститор, како и со Мохамед Џамил ал Рамахи, извршен директор на Масдар Енерџи инвестмент компани, една од најголемите светски инвеститори во обновлива енергија и двигатели на енергетската транзиција.

Мицкоски на Фејсбук објави дека на средбите ги преставил можностите за инвестирање во Македонија и напорите на Владата земјата да се најде на мапата на светските инвеститори.

„Игл хилс“ во своето протфолија што го претставува, освен „Белград на вода“ наведува и изградба на станбени, туриститички деловни комплекси во Бахреи, Мароко и Оман. А неодамна склучи договор да инвестира 5,5 милијарди долари во Грузија.

Државната компанија „Масдар“ е пионер во чистата енергија, позиционирајќи ги ОАЕ на чело на светската енергетска транзиција. „Масдар“ е присутна и поддржува повеќе од 40 земји во нивната енергетска транзиција, наведува Мицкоски. „Масдар“ неодамна стана сопственик на 100 отсто од акциите на грчката  компанија за чиста енергија „Терна“.

Абу Даби развојниот холдинг е меѓу најдобри светски суверени фондови по обем на инвестиции.
Со сите овие компании, како што посочува Мицкоски, разговарал за проекти, можности и планови за инвестирање во Македонија.