Мицкоски тврди дека со Јакимовски не бил во комуникација одамна
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на напуштањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ на Стевчо Јакимовски и обвинувањата за наводни закани и рекетирање, рече дека со градоначалникот на Карпош од поодамна не е во комуникација, ги отфрли навредите и обвинувањата и посочи дека, доколку има такви индиции, истите да ги пријави во соодветна институциј.
„Па јас со господинот Јакимовски немам комуникација уште од пред Нова година. Тогаш еднаш или два пати се видовме да му честитам што беше избран за градоначалник. Ги отфрлам овие навреди, вчудоневиден сум, претпоставувам дека, ако има такви индиции, треба да соработува со органите на прогонот и да го пријави. Го охрабрувам да ,пријави затоа што во спротивно ако не го пријави тоа што го кажува, тогаш станува соучесник, нели ја сокрива правдата.
Што се однесува во делот на напуштање на коалицијата, тој е долги години во политиката, јас му посакувам среќаи успех понатаму во животот и се надевам дека одлуката што ја донесе мисли дека е исправна и дека ќе му донесе некаков политички би рекол подобар комфор. Бидејќи, како што го слушнав, во изјавата тој вели дека некој му вршел тортура, ,изживување и не знам уште што се не кажа, а луѓето кои што ме познаваат, вклучително и тој, не го мислат тоа бидејќи јас сум се, само не сум таков човек. Со еден збор му посакувам среќа во понатамошната политичката кариера“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски потоа побра ослободување на Ламбе Алабаковски, додавајќи дека неговиот потег е реакција на сите погрешни политики на владата изминатите години, потенцирајќи дека ниту претходно кога се уништувал државен имот од страна на Шарената револуција, ниту пак сега не прифаќа насилство.
„Мојата порака е до оние кои што пред само неколку години како припадници на една револуција уништуваа државен имот, бојадисуваа државен имот, палеа канцеларија на претседател на држава, да ги ослободат судиите и обвинителите да донесат пресуда согласно правдата, да го ослободат Ламбе, да помине со укор, иако морам да признам ниту тогаш ниту сега насилството не го прифаќам како начин на решавање на проблемите. Но, ова е реакција на сите овие погрешни политики изминатите години и затоа барам слобода за Ламбе, да го ослободат човекот и да се свртат сами кон себе, да ги видат своите грешки за ова да не стане масовна појава во Македонија, бидејќи народот е револтиран правдината да ја земе сам во свои раце“, изјави Мицкоски.