Мицкоски сепак се сретна со Бербок


Фото: Дојче веле

 

Во исклучително густата агенда на посетата на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, сепак се најде време и за средба со делегација на ВМРО-ДПМНЕ во резиденцијата на германскиот амбасадор. Иако таа на прес-конференцијата не навести таква можност.

Дојче веле објави фотографии и видео од средбата на која се гледа дека Мицкоски во германската резиденција на средбата пристигнува во друштво на тројца потпретседатели на партијата: Александар Николоски, Тимчо Муцунски и Гордана Димитриевска-Кочоска; како и пратеникот Антонио Милошоски кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика.

Во соопштението од партијата се наведува дека Мицкоски ѝ рекол на Бербок „дека уставни измени под бугарски диктат нема да има и дека овој пратенички состав нема мандат добиен од граѓаните да учествува во таков процес“.  ВМРО-ДПМНЕ немало да се впушта во „таков процес кој го наметнува власта која пак на тоа гледа како начин да купи време и да се амнестира за криминалот кој се прави на дневно ниво“.