Мицкоски ретерира: Не реков дека на 15 декември ќе се затвори трезорот, К-15 во државните институции ќе има


 

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кажа дека трезорот нема да биде затворен на 15. декември, туку дека е добро сите до 15. декември да ги достават сите тековни потребни. Тој напомена дека ќе има К-15 во сите државни институции.

„Не реков дека ќе се затвори трезорот, туку го поставивме 15 декември датум кога сите институции е добро да ги достават сите тековни потреби, расходи и сите средства кои треба да се пренесат до доверителите, и дека ќе имаме толеранција. Но, идејата е да работиме со план, да имаме свесност и дека е потребно сето тоа да биде реализирано на време и да имаме некоја навика, тоа е суштината. Годините наназад, минатата година првпат имав такво искуство, некако како во 5 до 12 се се случуваше, и некако физички некако трезорот не можеше некако тоа да го сработи. Навремено да ги испланираме активностите, за да не ни се случи 5 до 12 сите нагрнеме таму. К-15 во државните институции ќе има“, рече Мицкоски.

В понеделник се затвора трезорот, кој зел плата зел, кој не – ќе чека