Мицкоски разговарал со Руте за активирање на НАТО системот за справување со несреќи

Премиерот Христијан Мицкоски разговорал со генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Се разговарало за актуелната несреќа и за можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи. Испратени се пораки за обединување и сила за справување со последиците од трагичниот настан.
„Во овие моменти остануваме обединети и одлучни во борбата против корупцијата, промена на системот и одговорност за причинителите на несреќата“, му рекол Мицкоски на Руте.
Министерот Панче Тошковски во 15 часот ќе има прес-конференција на која ќе лоцира одговорност и мерки кои се преземаат на тој план.