Мицкоски: После победата на претседателските избори, следуваат предвремени парламентарни избори
Победуваме, порача и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од митинг во Неготино. Неправдата во државата, рече дека ќе се исправи, само ако се преземат институциите.
-А тој процес започнува со победа на 21 април, потврда на таа победа на 5 мај. А потоа организирање на предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.