Мицкоски пак за ДУИ, ќе биле непријатно изненадени


 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ДИУ ќе бидат непријатно изненадени од резултатите на претстојните локални избори и оти по нив ќе се занимаваат со внатрепартиски, наместо со друг тип избори.

Мицкоски денеска за време на посетата на комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, одговарајќи на новинарско прашање за можност за одржување предвремени парламентарни избори истакна дека неговиот став е јасен.

„Мислам дека сум бил многу јасен и прецизен по тоа прашање. Јас жалам што сѐ уште има структури во опозицијата, во случајов Демократската унија за интеграција, што во отуство на реални проекти и политики, во отсуство на план за граѓаните немаат друг начин како да ги мобилизираат своите гласачи и повторно ги навредуваа – велат, ќе бидеме во Влада па ќе ве вработиме, ќе ви дадеме тендер. Но, мислам дека тоа нема да се случи дека на овие избори ќе бидат непријатно изненадени со резултатот.  По изборите повеќе ќе се занимаваат во внатрпартиски избори, отколку со друг тип на избори“, истакна Мицкоски.