Мицкоски отпатува тајно во странство


Фото: Б. Грданоски

Откако медиуми утрово објавија дека премиерот Христијан Мицкоски заедно со неговиот баџанак бизнисмен со фирма во Петрич -Бугарија кој живее во Струмица Јорданчо Јанев – Дано и нивните семејства заминале со авион вчера наутро во 4 часот и 20 минути за Виена Австрија, Владата потврди дека премиерот е на патување, како што нагласија „од приватна природа“.

Сепак премиерот практично заминал „тајно“ без обезбедување и без задолжително соопштение да ја извести јавноста каде и колку денови ќе биде отсутен затоа што отпатувал надвор од државата. Се додека е Мицковски премиер дали е приватно или службено, според закон, владините служби се должни да известат.

Мицкоски денеска на неговиот Фејсбук профил го честиташе 9 Мај – Денот на Европа.

– Денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи.

Нека ни биде потсетник дека преку дијалог, солидарност и почит кон различноста можеме да градиме подобра иднина за сите. За Македонија, Денот на Европа не е само симболика, тој е и поттик за уште посилна посветеност кон европските вредности, реформи и напредок. Нашиот пат кон Европската унија е пат на достоинство, работа и надеж. Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината! Обединети во различноста, силни во заедништвото..,, објави Мицкоски на Фејсбук.