Мицкоски од Тирана: За неколку часа убавата вест за Македонија ќе ја дознае цела јавност


Пред почетокот на Самитот на европската политичка заедница во Тирана, премиерот Христијан Мицкоски најави дека наскоро ќе ја соопшти убавата вест за Македонија.

„Почекајте, за неколку часа ќе дознае македонската јавност“, порача Мицкоски на новинарско прашање.

Тој додаде дека очекува од ЕУ да се држи до своите принципи, тоа се европските вредности, да се суди според постигнувањата и реформите и копенхашките креитеруми, Македонија долго време е жртва на билатерални прашања, рече Мицкоски.

Со оглед на политичките пораки влера за време на состанокот со претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, единствена „добра вест“ на која се радува Мицкоски е нов директен кредит од друга држава или пари од ЕУ.