Мицкоски од Давос најавува реконструкција на булевар во Кочани


 

Премиерот Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук додека е во Давос на Светскиот економски форум објави дека со 88,8 милиони денари ќе биде рекоснтруиран булеварот „Теодосија Паунов“ во Кочани.

„Со имплементацијата на овој проект граѓаните на Кочани ќе добијат модерна сообраќајна артерија, која ќе ги зголеми безбедноста и комфорот во сообраќајот, ќе го подигне капацитетот на булеварот и ќе овозможи подобра сообраќајна сигнализација. Пешаците ќе добијат посигурни услови за движење, а деловните и комерцијалните активности ќе бидат поттикнати со новиот урбан изглед. Реконструкцијата ќе придонесе за економски развој на локалната заедница“, напиша Мицкоски.

Според сопствените објави премиерот во Давос, каде што беше од понеделникот имал само една државничка средба, со премиерката на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто. Тој учествуваше на неколку панели каде што главно се зборуваше за енергетиката и имал разговори со претставници на меѓународни компании. Тој најави дека утре се враќа во Скопје.