Мицкоски очекува убава вест од САД уште денес

Премиерот Христијан Мицкоски денес од Тетово најави дека очекува убава вест за Македонија од САД – уште денес.
„Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и со министерството за економија, кое што го предводи Хауард Лутник, кој што е мој личен пријател, и со министерството за финансии, и со Стејт департментот и со кабинетот на претседателот Доналд Трамп“, изјави денес Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Тетово.
„На дневна основа работат тимови и телефонски се слушаме и разговараме. Очекувам многу скоро, денеска убава вест за македонските граѓани и македонската економија“, изјави Мицкоски.