Мицкоски: Нема веќе фантом фирми што го празнат буџетот со фиктивни фактури
Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Отвореното студио на МТВ рече дека веќе нема фантом фирми што црпат пари од државната каса со фиктивни фактури за поврат на ДДВ, како и дека поради тоа во октомври за прв пат во Буџетот има суфицит со што се исплатени повисоки пензии, повисоки плати во образованието и здравството.
„Ние по подолго време имавме суфицит во Буџетот, и тоа беше во октомври од околу милијарда и 125 милиона денари. И тоа претставуваше добар успех за Владата и помогна прилично во санирање на некои состојби. Зборувувам од аспект на ликвидноста. Во делот на борбата со сивата економија, можам да кажам дека растот на приходите што доаѓаат изворно од работењето и на УЈП и на Царината се мери најчесто во двоцифрен број проценти, 12, 15, дури и повеќе од 20 проценти. Тоа значи дека нема веќе фантом фирми што побаруваат поврат на ДДВ“, вели Мицкоски и додаде:
„Шести месец откако сме Влада многу од фантом фирмите што често пати пати биле банкротирани, препродавани на луѓе што не постојат надвор од земјата предизвикувале таква дупка во Буџетот што на моменти се доведувала и ликвидноста под знак прашалник. Е ,сега тоа веќе го нема. Принципот „како до сега го нема“ и од тие причини се појави овој суфицит кој за нас многу значи, а замислете во исто време имаме зголемени пензии, во ноември веќе од аспект на ликвидноста и зголемени плати во секторот на образование на здравство и слично,“- тврди Мицкоски.