Мицкоски најави можни вонредни парламентарни избори

Премиерот Христијан Мицкоски најави можни предвремени парламентарни избори, не поради кризата во ВЛЕН туку поврзани со завршување на процесот со трагедијата во Кочани, во која загинаа 62 лица, а околу 200 се повредени.
Тој не прецизираше дали предвремените парламентарни би се одржале со локалните избори наесен, но рече дека ќе ја прифати одговорноста за трагедијата во Кочани откако ќе ги решат работите и тогаш од народот ќе ја побараат довербата.
Според висок функционер од Владата, нема да биде изненадување ако со локалните се одржат и предвремени парламентарни избори.