Мицкоски најави „добри вести“ од средбата со британскиот премиер


Фото: Б. Грданоски

Попладнево премиерот Христијан Мицкоски заедно со Антонио Кошта отпатуваа во Тирана.

Албанија е домаќин на Самитот на Европската Политичка Заедница чиј официјален дел е утре.

Европските лидери и лидерите од Западен Балкан почнаа да пристигнуваат, а вечерва според агендата е заедничката вечера.

Темата на средбата е Нова Европа во нов свет: единство – соработка – заедничко дејствување.

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во социјалните мрежи објави дека во Тирана ќе има средба со премиерот на Велика Британија, Кир Стармер. Во врска со средбата со британскиот премиер, Мицкоски најавува добри вести за Македонија. 

„Со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта патуваме во Тирана, на самитот на Европската политичка заедница, каде имам средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер со добри вести за Македонија“, напиша премиерот.

Од Тирана пак напиша дека утре е убав и голем ден за Македонија, за нејзиниот развој и безбедност.