Мицкоски на ифтарска вечера кај МАТТО

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министри од Владата синоќа присуствуваше на традиционалната ифтарска вечера, организирана во светиот месец Рамазан од страна на Македонско-турската комора МАТТО, чиј претседател е Aјдован Адемоски, почесен конзул на Туркије во Македонија, во хотелот „Хилтон“.
Мицкоски кој деновиве е гостин на слични вакви вечери, порача дека овие собири се потсетник за солидарноста, човечноста и почитта кон различностите.