Мицкоски на 11 Октомври: Оваа генерација е последна шанса за Македонија

Премиерот побара од Европскиот совет уште на следниот самит да донесе заклучок дека ниедна земја членка на ЕУ нема проблем со посебниот македонски идентитет


Христијан Мицкоски за време на обраќањето за 11 Октомври

 

Премиерот Христијан Мицкоски денешното обраќање во Прилеп на одбележување на 11 Октомври – Денот на востанието, го искористи да повтори некои работи: дека неговата влада нема да попушти доколку нема да се остварат барањата за променатата на уставот, дека опозицијата претставил фалшливи црвени лини, па зборуваше колку тој макотрпно работи… и малку апокалиптично рече дека оваа генерација (неговата) била последната шанса за иднината Македонија и ги оцени меѓународните договори на државата како неправедни.

Тој побара од Европскиот совет уште на следниот самит да донесе заклучок дека ниедна земја членка на ЕУ нема проблем со посебниот македонски идентитет.

Тој рече:

„И јас, исто како и вие, чувствував кнедла во грлото од непринципиелните и неправедни договори за името, знамето, договарањата во четири очи за нашите судбини. Сите овие работи ја уништуваа самодовербата и ја убиваа надежта. Оправдано, но сепак поразително за целата држава е констатацијата на многумина дека системот во поранешната држава бил многу поорганизиран од сега. А системот е таков каков што е гнил и нефункционален, оптоварен со многу отстапки, неразумни компромиси, силувања, разочарувања. Затоа на граѓаните им се смачува од политика, од расправии за основните прашања. Виновниците за сето ова имаат име и презиме. И ги знаеме сите нивни репризи, фарси, нивните мотиви и нивните цели што не се исти со нашите. Она што вистински го знам и го потпишувам е сознанието дека оваа генерација, оваа наша генерација, е последната шанса после која стравувам ќе нема простор за поправен. На сите нив им велам дека ќе успееме, ќе победиме“.

Тој уште еднаш ги неговите црвени линии и на неговата партија, а оние што ги предлага опозицијата како лицемерни. Тој уште еднаш го повтори ставот дека е за членствот ЕУ, но не и за поставување билатерални услови. Мицкоски рече дека некои во опозицијата заговарле и прекинување на преговорите со ЕУ.

„Има и такви што ќе речат дека патот до ЕУ не е фер. Кога се формираше целта за членство во Европската унија, никој нам не ни ветуваше фер игра, напротив, судбината на малите народи и држави во голема мера зависеше од игрите на поголемите народи и држави. Секогаш мора да имаме план А и план Б, но целта мора да остане иста“.

Зборувајќи за францускиот предлог и за стравот на граѓаните дали тоа ќе биде последна отстапка тој рече: „Никој нема право да очекува дека оваа влада којашто јас ја предводам ќе го прифати т.н. француски предлог со отворени раце и дека без било каква испорака од страна на нашиот источен сосед и ЕУ ние тоа ќе го испорачаме. Тоа нема да се случи“.

И потоа ги кажа условите за промена на уставот:

„На следниот Европски совет да се донесе заклучок во кој јасно ќе кажат дека никој од нив нема проблем со посебниот македонски идентитет, дека никој од нив од тие 27 земји членки нема проблем со македонскиот јазик кодифициран пред 80 години и дека никој нема проблем од нив со повеќевековната македонска култура, традиција, обичаи на којашто практично се темели македонскиот идентитет и да речат доста е, нема повеќе вето и пречки поради билатералните прашања, а нашиот источен сосед мора да покаже европска зрелост, пресудите од Судот за човекови права во Стразбур да се спроведат. А Македонците во Пиринско да успеат да се здружат во заедница, а потоа да номинираат свој претставник во советот за малцински права при бугарската влада. Тоа се црвените линии“.

Мицкоски повторно повика на дијалог, кој ќе биде суштински со сите општествени фактори важни за државата – академската средина, професорите, академиците, науката, младите, искусните и оние со енергија за движење напред. Тој рече: „Подготвен сум да го поведам тој процес и да се обединиме околу оваа општествена платформа“.

Премиерот рече дека многу работел и за време на кампањата.

„Можам да соопштам дека и во период на кампања работам на нови инвестиции кои за брзо ќе ги соопштам и наутро редовно држам состаноци за нови проекти и мерки што ќе ги преземеме заедно со моите колеги во Владата не само до крајот на годината, туку и во наредните 5 до 6 години и што на државата ќе ѝ дадат нов облик и нова енергија. Ќе дадам сè од себе за народот и сите граѓани да живеат подобро, побогато. Мора да знаете – на вистинската патека сме и иднината ќе биде наша“, рече Мицкоски.