Мицкоски летува во Хрватска


Фото: Б. Грданоски

Од владината прес-служба информираат дека премиерот Христијан Мицкоски од вчера е на годишен одмор во Хрватска. Ќе користи четири дена.

– Тоа ќе биде кратка пауза, пред повторно да се врати на своите обврски со полн интензитет, одговориле од таму за Плусинфо.

Од кабинетот на министерот Тимчо Муцунски информираат дека тој веќе е на годишен одмор и моментално престојува со семејството во Турција, каде ќе остане неколку дена.

И министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ќе ги искористи летните денови – неговата дестинација е Црна Гора, каде ќе одмара во траење од една недела.

Од Владата претходно информираа дека членовите ќе бидат на одмор од 5 до 15 август.