Мицкоски ќе „пресече“ за Таравари по 1 Мај


Политичкиот флерт на Арбен Таравари со Али Ахмети за локалните избори може да биде пресуден Христијан Мицкоски да му ја покаже вратата на Илинденска број 2 – вели за ТВ 24 висок владин фунцкионер. Сепак според истиот функионер Мицкоски ја остави можноста Тарвари да остане во Владата како четврти коалициски партнер, сообено поради неговите пет пратеници.

– Премиерот Христијан Мицкоски планира по први мај да се сретне со коалициксиот партнер Арбен Таравари , по што ќе стане јасно дали и понатаму ќе соработуваме. Премиерот треба да пресече, а евентуалната соработка на Таравари со ДУИ би бил клучната причина зошто би му се заблагодарилe за учеството во Владата – вели за ТВ 24 висок владин функционер.

Според истиот функицонер дали Таравари ќе преживее на Илинденска број 2, ќе се знае по средбата со премиерот по први мај. И додека Мицкоски калкулира, неговите коалициски партнери и екс партнери на Таравари во Вреди се јасни и гласни, местото на крилото на Таравари не му е во Влада. Изет Меџити директно кажа дека во Владата не може да има место за соработници на ДУИ.

Таравари, пак, за ТВ 24 вели дека е растоварен од тоа дали ќе остане во Влада или пак не. Тврди дека има добра соработка со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, но одлуката за владините партнери е исклучиво на премиерот. Тој денеска на Фејсбук напиша дека единствен мотив за секој чекор му е гласот на народот.

– Јас имам само еден ориентациски компас: Народот! Тој е мојата совест, мојот глас, мојата сила! – порача Арбен Таравари.