Мицкоски ќе побара одложување на самитот за Западен Балкан во среда во Скопје

Премиерот Христијан Микоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од утринава се во Кочани по несреќата во дискотеката „Пулс“ во тој град, каде во неверојатната трагедија загинаа најмалку 50 лица, а повеќе десетици се повредени.
Од Владата информираат дека поради трагичниот настан, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе го одложи патувањето за Подгорица, Црна Гора, каде што утре се одржува самит на Европската народна партија (ЕПП).
Според владини владините извори, премиерот ќе побара и одложување на самитот за Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан кој треба да се одржи в среда и четврток во Скопје.