Skip to content

01/04/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

(ВИДЕО) Мицкоски ги замрзнува односите со Пендаровски

13/08/2020 17:53

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со шефот на државата Стево Пендаровски во вила Водно, која ја побара откако претседателот му го довери денеска мандатот за состав на влада на Зоран Заев, изјави дека од денеска ги замрзнуваат односите со неговиот кабинет.

-ВМРО-ДПМНЕ на денешната координација донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со господин Стево Пендаровски, и ќе ги преиспита практично политиките што ќе ги води во однос на кабинетот на Стево Пендаровски. За жал, како напати во минатото така и овој пат се приватизирани институциите, заробени за личен и партиски интерес, а на сметка на интересите на граѓаните. Денеска пратеникот Зоран Заев го доби мандатот откако го уверил претседателот Стево Пендаровски дека ќе работи на парламентарно мнозинство, изјави Мицкоски по средбата, на која беше придружуван од пратеничката Гордана Сиљановска.

Одговарајќи на новинарско прашање тој изјави дека ова е направено со цел купување време.Повтори дека нови парламентарни избори се можни, но, вели, се уште не се исцрпени сите опции за формирање влада.Имаат забелешка, рече, зошто се брза да се додели мандатот на пратеник кој што уверил дека ќе работи на созадавање парламентарно мнозинство.Деновиве, најави Мицкоски, ќе информираат за сите потези кои ќе ги преземат како колаиција.


Поврзани содржини

Одложен стартот на зонското во Реонски, ќе почне заедно со Ново Лисиче во мај
31/03/2026 18:03
Воjислав Димитровски е нов директор на „Лајка“
31/03/2026 18:03
Европа го вклучи алармот за снабдувањето со нафта. Што прави Македонија?
31/03/2026 17:03
Циклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините
31/03/2026 14:03

Нов предлог закон – Со „Б“ категорија да се управува со мотоцикл до 125 кубици
31/03/2026 14:03
Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава
31/03/2026 14:03
Куманово планира изградба на административна зграда кај Чоробенско ќоше
31/03/2026 14:03
Дури 39 полицајци погрешно постапиле по пријавите за насилство против Стојанче Јовановски – утврди внатрешната контрола во МВР
31/03/2026 13:03

Најчитани


  • Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026
    27/03/2026 09:55
  • Аеродромци ќе имаат бесплатно паркирање само во зоната во која живеат – во другите ќе плаќаат
    28/03/2026 10:41
  • Лудница во Словенија: Ника Превц прелета фантастични 242,5 метри и постави светски рекорд
    27/03/2026 21:26
  • По 15 години директорување на Марјан Цветковски, МРТ ќе добие ново раководство
    25/03/2026 17:30
  • Од 1 април, зонско во Реонски центар
    27/03/2026 18:08
  • Хрватскиот психолог Барбара Удовичиќ за МИА: Откажете се од врската за која плаќате превисока цена со сопствениот мир и здравје
    26/03/2026 10:09

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење