Мицкоски: Јанева ме уценуваше да гласам за СЈО


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за неделникот „Фокус“ тврди дека има сведочења од пратеници дека Катица Јанева наводно ги „обработувала“ да гласаат за уставните измени.

– Имам сведочења од пратеници кои практично биле предмет на обработка на Катица Јанева во процесот на уставните измени. Подготвени се да го потврдат тоа секаде. Јас лично бев жртва на нејзина уцена кога Катица Јанева во нејзината канцеларија ме уценуваше да гласам за СЈО за да ми го одмрзне имотот. Тоа е трговија со правото, вели Мицкоски.

Доколку има предвремени избори, Мицкоски смета дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со 100.000 гласови разлика.

– Нашите анкети, но и оние објективните, велат дека доколку во моментов би имало предвремени парламентарни избори, предноста на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде минимум сто илјади разлика во однос на гласовите што би ги освоил СДСМ, изјави Мицкоски.