Мицкоски ја испофали министерката за финансии Димитриеска
Премиерот не штедеше зборови за да ја испофали минитерката за финансии. Христијан Мицкоски со суперлативи зборуваше за Гордана Димитриеска-Кочоска за на некој начин да ги ортфли сомневањата може ли минитерката да се најде на списокот на реконструкција по неколку месеци.
Во обраќање на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“ Мицкоски рече: „Сакам јавно да изразам искрена благодарност до министерката за финансии, Гордана Кочовска Димитриевска, за нејзината исклучителна посветеност, професионалност и дисциплина во управувањето со јавните финансии“.
Тој се заложи за поголема борба против сивата економија и ја дефинираше целта на владата: формалната економија да стане попривлечна од неформалната; да биде полесно, поисплатливо и посигурно да се работи легално.
Тој, исто така, им се заблагодари на Министерството за економија и труд, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција. „Нивната координирана и засилена акција во сузбивање на даночните измами, финансискиот криминал и нелегалните текови испраќа јасна порака, а пораката е дека законот важи за сите. Нема селективност. Нема привилегирани. Секој што работи – мора да придонесува“.