Мицкоски им се закани на Ковачевски и Груби дека „ќе одговараат“

Оквалификувајќи го како „шокантен“ договорот со „Бехтел и Енка“ за продолжување на работната недела на 60 часа за изградба на автопатиштата, лидерот на опозицијата се закани дека „ќе одговараат“ премиерот и првиот вицепремиер.
„м“Од тоа што можев да го видам во договорот кој беше приложен во медиумите е дека доколку во рок од 45 дена од потпишувањето на тој договор не се смени законот за работни односи и не се продолжи работната недела од 40 на 60 работни часа, тогаш Македонија треба да плати еднократен финансиски надомест, пенали од миниум 53 милиони евра, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на Зрновци.
„Сакам да кажам дека и Уставниот суд по ова прашање се изјаснил многу пати во минатото, некој свесно знаел дека ова што се бара е невозможно и одлучил да го направи… Ова е шокантно и јавно кажувам дека по промената на власта и по формирање на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има одговорност. Јавно им кажувам и на Ковачевски и на Артан Груби дека ќе има одговорност. Ова се средства кои ги плаќаат граѓаните и тешко ги заработуваат. За ова ќе има сериозна одговорност“, рече Мицкоски.