Мицкоски и министрите во Унгарија на меѓувладина седница

Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонски меѓувладин самит на 3 и 4 март во Унгарија.
Согласно агендата предвидени се тет-а-тет средба помеѓу македонскиот и унгарскиот премиер, Виктор Орбан. Во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби помеѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка владина седница помеѓу двете влади.
Во рамки на посетата предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија Петер Сијарто да потпишат Акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта.