Мицкоски го нападна Ахмети, стекнал милиони по 2001-та (видео)


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Драчево, ја коментираше и изјавата на Али Ахмети кој за време на средбите со граѓаните од Тетово во неговиот говор рече дека на украинската делегација ѝ кажал дека треба да бидат искрени и дека ќе победат исто како што тие ги победиле Македонците во својата држава.

Мицкоски истакна дека како доброволец во 2001 година го нема тоа чуство дека Али Ахмети е победник во таа војна и дека Ахмети на украинската делегација требало да му каже и за колку стотици милиони евра е зголемено богатството на неговата фамилија и на луѓето кои што го опкружуваат на сметка на луѓето кои се инвалиди и кои го загубија животот во таа војна.

„Јас сум бил доброволец во Армијата и немам такво чувство дека тој е победник во таа војна. Истовремено претпоставувам им кажал и за колку стотици милиони евра е зголемено богаството на фамилијата на Ахмети и на луѓето кои што го опкружуваат Ахмети на сметка на луѓето кои се инвалиди кои го загубија животот во татковинската војна во 2001 година кога храбро се бореа македонските полициски сили и армиски сили за да го задржат суверенитетот и интегритетот на нашата Македонија и како еден вид поклон на жртвите од татковинската војна името на овој парк кај што денеска ние се наоѓаме е токму на еден таков бранител. Но, добро е следен пат кога ќе дојде делегација од Украина да го прашаат колку десетици милиони евра повеќе имаат луѓето кои што го опкружуваат него и раководството на ДУИ“, потенцираше Мицкоски.

Со слично обвинување излезе и потпретседателот на Движењето БЕСА, Фатмир Лимани, кој му постави на Ахмети неколку прашања:

-Со чии пари и на чие име е купен штабот во Тетово (кај палатата на културата) ?!

-Со чии пари и на чие име е купен штабот во Скопје (во Чаир)?!

-Вилата во заливот Лалез, со чии пари и на чие име е купена?!

-Хидроцентралите на реката Бачишти во име и сопственост на кое лице се?!

-Кога и за колку се купени парцелите?!

-Со кои пари се купени парцелите околу Сарајот на Али?!

-Надоместокот на швајцарскиот суд, за злоупотребената пензија од Али бег, од кои фондови се враќаат средства?!

-Каде отидоа 4.000.000 евра од Фондот „Национална слобода“ што останаа по војната, кој ги зема?! Продолжуваме…“, напиша Лимани и додаде видео од како што твтрди „сараите на Ахмети“.