Мицкоски: Еврообврзницата е препродадена, продавачите оствариле 21 милион евра профит


Фото: Б. Грданоски

Еврообврзницата која ја издаде Владата во износ од 700 милиони евра е веќе препродадена и притоа продавачите оствариле профит од 21 милион евра, изјави денес на прес ккнференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на новинарите каков е неговиот коментар во врска со новото задолжување.

„До нас стигаат информации дека за само два дена еврообврзницаата е препродадена и дека тој што ја препродал отприлика некаде 0,45, 0,5 процентни поени остварил профит или тоа е некаде околу 21 милион евра на сметка на граѓаните“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека доколку е точно, тоа е страшно „затоа што 21 милион ги чини граѓаните само што не почекаа два дена од тоа што ја набавија таа еврообврзница“. „Настрана од тоа дека треба да платиме 170 милиони евра камати и прашањето е зашто ги имаме најлошите услови убедливо од сите и зошто само на 6 години се издаде оваа еврообврзница, но за тоа претпоставувам ќе ви одговорат претпоставувам
надлежните“, рече Мицкоси.

Во врска со обезбедениот заем од Европската комисија во износ од 160 или 180 милиони евра, Мицкоски рече дека дел од тој заем ќе пристигне во втората половина на јули месец, останатиот дел од заемот е врзан за структурните реформи, кои според него, оваа влада нема никаков капацитет да ги спроведе. Затоа, како што нагласи, се осврнува на 80-тина милиони евра коишто би стигнале до јули месец.

„Сето ова е помалку од оние една милијарда и педесет коишто и се потребни на Македонија за до крајот на годината да нема проблеми со ликвидност, односно тоа се средства кои што и се потребни на нашата држава, од први мај до 31-ви декември за да го покрие буџетскиот дефицит по основ на планираниот дефицит и по основ на оние помали примања кои што ќе стигаат во буџетот во периодот кој што следи, но истовремено задолжување поради раздолжување. Тука не се опфатени мерките од Ковид 2, Ковид 3 програмата кои што дополнително ќе го оптоварат буџетот“, рече Мицкоскми.

Според него, за да се одржи макро- економската стабилност и да нема кратење на платите и на пензиите, ќе бидат потребни уште 350 до 400милиони евра до крајот на годината.