Мицкоски до Арсовска за дивоградбите во Чаир: Таа има ингеренции


Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да
постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека е без градежна дозвола.

„Таа има ингеренции. Ако навистина мисли дека е така, тогаш треба да постапува затоа што од
филозофирање и гола реторика народот нема фајде“, кусо рече денес премиерот Мицкоски
одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Желино, каде што заврши
изградбата на патот Палатица – Тетово.

Вчера, градоначалничката на Скопје, Арсовска, преку пренос во живо на социјалните мрежи ги повикуваше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да излезат на терен и да постапат оти градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, дозволил на државно земјиште во Чаир да никне дивоградба.

Градоначалникот Ганиу,  пак, вели дека има комуникација во писмена форма со која барал Градскиот инспекторат да постапи во Општина Чаир, но, според него, не добиле никаков одговор сè до сега, кога на Арсовска конечно ѝ такнало да стапне во Чаир.