Мицкоски бил исклучително задоволен од „извештајчето“ на ЕУ, а Македонија била пред Албанија


Порастот на поддршката за членство во ЕУ е и поради неизвесната политика на САД

 

Премиерот не верува многу во зборовите на Европската комисија, и иако неговата партија го нарече Извештајот на Европската комисија „извештајче“, тој е „исклучително задоволен“.

Христијан Мицкоски без да даде аргументи или факти денеска тврдеше дека Македонија е многу пред Албанија, иако Тирана веќе има отворено пет шод шесте преговарачки поглавја, а Македонија ниедно. Тој ја стави и Србија (за која има извештај со многу тешки оценки) пред Албанија, но призна дека Црна гора, сепак била прва од регионот на патот кон ЕУ.

„Да ги направиме уставните измени, ќе бидеме најдобри и потоа да добиеме ново вето и повторно нови проблеми и тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони.т ги направиме уставните измени, најдобри ќе бидеме и потоа да добиеме ново вето и повторно нови проблеми и тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони. Но, од она кое што е таму напишано јас сум исклучително задоволен, бидејќи нема назадување“, изјави денеска Мицкоски во Петровец, одговарајќи на новинарско прашање во врска со оценките од Извештајот на ЕК. 

Мицкоски рече дека има стагнација во неколку области, и оти „тоа и ние сите го зборуваме“. 

„И тоа е владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата и затоа нон стоп зборувам дека се потребни промени во Судскиот совет, во Обвинителството итн. Сега веќе по завршувањето на изборите многу посериозно ќе се занимаваме со таа тема. Не можам да се согласам со констатацијата дека има некои други земји кои што се пред нас. На пример, ние сме многу пред Албанија. Иако некои од еврокомесарите даваат такви изјави какви што даваа така што кога ќе се анализира состојбата на државите кој е подготвен, кој не е подготвен, објективна оценка е дека Црна Гора е прва, второто место сме ние и Србија, па потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово“, рече Мицкоски. Тој додаде дека бил апсолутно фокусиран на реформите.