Мицкоски побара, Заев се согласи на средба


Откако вечерва преку телевизиски разговор Христијан Мицкоски го повика Зоран Заев на средба меѓу нив двајцата, премиерот брзо одговори преку Фејсбук дека го прифаќа состанокот.
 
„Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред“, напиша Заев на Фејсбук.
 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на Сител повикот за средбата го образложи затоа што државата и граѓаните биле во грч, а се очекувало сериозност и консензус за важните прашања.

„Го повикувам Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници во ден и време кога тој ќе избере. Стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време онака како што  му одговара, да разговараме за сите проблеми што се од животно значење за граѓаните, од кризата од пандемијата, до работата на парламентот, за сз што е денеска отворено, а нерешено, а стои на маса“, рече Мицкоски.

Тој се надева дека може да се постигне некаков консензус за случувањата, нагласувајќи дека е подготвен да разговара на секоја тема, вклучувајќи ги пописот, пандемијата, за економијата, блокираните евроинтеграции и широки или концентрациони влади за национален спас.

Ваквите барања за лидерски средби на Мицкоски обично завршуваа со обиди за пазарења за некои од притворените за криминал и злоупотреби, криејќи се зад национални интереси.