Мета попладнево со ново обраќање, Рама на разговори во Брисел


Албанскиот претседател Илир Мета попладнево во 16:00 часот ќе го има второто обраќање за само два дена,објавија од неговиот кабнет веднаш по информацијата дека барањето за импичмент на дневен ред на парламент ќе биде в четврток.

Во вчерашното прво обраќање Мета ги наведе причините за одложување на локалните избори врз основа на неговите уставни надлежност.

-Во тензичка политичка ситуација,без подготвеност од двете страни да се седне за надминување на недоразбрањата, одлуката што ја донесов за одложување на локалните избори е единствен начин да се избегне евентуална есклација на состојабата на земјата,која би можела да прерасне во граѓански конфлкт и начин да се најде решение за излез од кризата,рече меѓу другото шефот на државата.

Во меѓувреме тој на фејсбук објави дека примил група студенти од „албанските простори“ и наведува дека им ветил дека Уставот „ќе го брани со смиреност, достоинствено и со душа“.

Попладнево во Брисел ќе престојува премерот Еди Рама,кој во 17:00 часот ќе сретне со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. Потоа следува средба со претседателот на Советот на Европа,Доналд Туск како и со претседателот на Европската комисја Жан Клод Јункер.