Мета: Албанската верска хармонија пример за целиот свет


Албанскиот претседател Илир Мета, кој синоќа присуствуваше на ифтарската вечера, организирана од муслиманската заедница во Албанија, постираше фотографија на која како што напиша „овековечен е посебен миг меѓу претставниците на албанските верски заедници“.

Според него, тоа е уште една потврда за верската хармонија која владее не само меѓу верските старешини туку и меѓу населението во неговата земја, која е пример што треба да се следи во целиот свет.

-Почестен сум што присуствував на ифтар вечерата, организирана од муслиманската заедница во Албанија, да ја споделам со Хаџи Бујар Спахиу и другите верски лидери, почитта кон Светиот месец Рамазан и мојата длабока почит кон сите албански верници за нивната посветеност на Божјата татковина. Честит Свет месец Рамазан. Лесен и благословен пост, напиша на фејсбук претседателот Мета.

Првите луѓе на верските заедници во Албанија,пак, муслиманската, православната,католичката и бектешката, од средбата одржана на тема „Религијата во општеството,албански модел“ упатија заеднички апел верската хармонија да се пренесе како вредност на идните генерации.

-Дијалогот и толеранцијата и дадоа на Албанија една од најскапоцените вредности, верскиот соживот. Но, за да се пренесе оваа вредност на генерациите, треба да се зајакне меѓуверскатра соработка и да се осуди секоја форма што ја загрозува верската хармонија по која е препознатлива Албанија, стои во пораката.