Меси гледаше како Ѓоковиќ го победува во Мајами Григор Димитров

Лионел Меси за првпат го гледаше во живо еден од најдобрите тенисери на сите времиња – Новак Ѓоковиќ. Членот на Интер Мајами свето слободно време реши да го искористи со гледање тенис и тоа полуфиналниот меч од Мастерсот во Мајами меѓу Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров.
Се очекуваше поголем отпор од бугарскиот тенисер, но Новак одигра како во своите најдобри денови и дојде до лесна победа.Првиот сет го доби со 6-2, а во вториот беше подобар со 6-3. Во финалето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Менсик и Фриц.
Српскиот ас беше одушевен што Меси беше присутен на трибините и призна дека му се восхитува на она што го прави на фудбалските терени.
„Мило ми е што беше на трибините. За првпат играм пред него во живо и сакам да му се заблагодарам што дојде да ме гледа. Му се восхитувам, како и поголемиот дел од светот. Неверојатно е што и понатаму игра. Всушност, ние сме на иста возраст, двајцата сме родени во 1987 година“, изјави Ѓоковиќ.
Со вечерашниот успех Ѓоковиќ дваесетта календарска година ќе игра АТП финале, со што се израмни на првото место на вечната листа со Роџер Федерер.