Меркел повика на реформа на Шенген зоната: Многу е важно да знаеме кој ја поминува границата
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа итно треба да ја реформира својата Шенгенска зона на отворени граници, во светло на неодамнешните терористички напади.
„Сакам да го променам системот на влез и излез од Шенгенската зона кој би требало да биде подготвен во 2022 година“, изјави таа по состанокот со останатите европски челници.
Меркел појасни на што конкретно мисли.
„Многу е битно да се знае кој влегува и кој ја напуште Шенген зоната“, рече германската лидерка, пренесе Ројтерс.