Меркел останува зад Вебер, но вели: „Не сум семоќна“


Канцеларката Ангела Меркел останува да го поддржува нејзиниот кандидат за претседател на Европската комисија, но им рече на пратениците дека изборот „не зависи само од мене“ и го цитираше отпорот од францускиот претседател Емануел Макрон.
Земајќи го предвид византискиот процес на избор на наследник на Жан-Клод Јункер за претседател на Европската комисија, како и пополнување на други врвни работни места во ЕУ, Меркел се држи за Манфред Вебер како главен кандидат на нејзината централнодесничарска партиска група во Брисел, Европска народна партија.
Но Вебер е отфрлен од страна на Макрон и голем број други лидери на ЕУ – и не успеа да ја добие поддршката од мнозинството во Европскиот парламент, што би требало да го одобри секој кандидат.
Тргувањето како со коњи за највисоките работни места е непријатна демонстрација на политиката на европска сила, при што партиските групи ги следат нивните водечки кандидати и многу европски лидери инсистираат на тоа дека имаат предност при изборот во Европскиот совет.
Откако Меркел одговараше на прашањата на пратениците клучниот момент во разговорите на ЕПП веројатно се случи во средата вечерта, кога канцеларката имаше вечера во Берлин со Вебер, лидерката на германските христијански демократи Анегрет Крамп-Каренбауер и Маркус Содер и претседателот на ЕПП, Жозеф Дол.
Но клучното прашање за сите учесници е кога и како да се продолжи со планот Б – да се излезе со алтернативни кандидати од ЕПП за претседател на Комисијата, кои би биле прифатливи за лидерите на ЕУ и парламентот.


„Утре не е кога ќе умре името на Вебер“, изјави еден дипломат на ЕУ во вторникот. „Се работи за подготовка на таа ситуација“, додаде тој.
„Официјално очекувам тие да се држат до Вебер, а зад сцената играта ќе почне да се развива“, додаде дипломатот.
Официјалните претставници во конзервативниот камп инсистираат на тоа дека ЕПП треба да се држи кон своето барање во претседателството на Комисијата. Но, некои од нив признаваат приватно дека работата можеби ќе мора да оди кај некој друг, а не Вебер, кој беше критикуван од неговите противници поради недостатокот на извршно искуство на високо ниво.
Вебер самиот е во офанзива. Во колумна објавена во средата во германскиот весник „Велт“ тој ефективно го обвини Макрон – без да го спомнува францускиот претседател по име – за непочитување на резултатите од изборите во Европскиот парламент и неуспешноста да се дојде до позитивни предлози за највисоките работни места. (Блумберг, Политико)