Меркел: Нема да има доволно вакцини во првиот квартал од 2021 година
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека властите во земјата нема да можат да обезбедат доволно вакцини во првиот квартал од 2021 година, со цел да се направи пресврт во текот на пандемијата.
Таа пред Бундестагот истакна дека би било можно да се намали смртноста, додавајќи дека ќе ги преземе сите мерки да ги одржи училиштата и градинките отворени.
Меркел се согласува со препораките за затворање на продавниците во периодот од Божик до 10 јануари, несогласувајќи се со отворање на хотелите, со цел да се спречи патувањето на семејствата кои сакаат да ги посетат роднините за време на празникот.
Германската канцеларка нагласи дека досегашното искуство покажало оти вториот бран на пандемијата „е посилен отколку првиот“, додавајќи дека се уште има голем број заразени со Ковид-19 во Германија.