Меркел: „Германија е на работ да ја изгуби контролата над вирусот“


Во основа, ништо не тргна наопаку со вкацините, тврди Ангела Меркел

Ангела Меркел предупреди дека Германија е на пат да ја изгуби контролата на својата борба против корона вирусот, наводно велејќи им на колегите од нејзината демохристијанска партија дека „ситуацијата е заканувачка“ и „секој ден е важен“.

На внатрешниот состанок на ЦДУ, чии детали протекоа во медиумите од учесниците, канцеларката предупредила на „многу, многу тешки месеци пред нас“ и рекла дека „секој ден е важен“ во смисла на справување со ширењето на вирусот.

Во петок таа треба да одржи состанок со лидерите на 16-те покраини каде се очекува да се договорат за поостри ограничувања на национално ниво од оние што се во моментов.

Меркел го искористи својот неделен подкаст за време на викендот за да го обнови своето инсистирање дека луѓето не се немоќни да го контролираат вирусот и да ги повика да ги „намалат контактите“ бидејќи ова беше најубедливата мерка за справување со него.

Таа рече дека и покрај тоа што „луѓето очекуваат политичарите да излезат со нови зборови“ нејзината порака не е променета и затоа таа едноставно ќе продолжи и ќе го повторува својот подкаст од претходната недела.