Мерцедес гради фабрика за мотори за електрични возила во Романија


Компанијата Мерцедес-Бенц започна со изградба на фабрика за производство на мотори за електрични возила во Романија, вредна 135 милиони евра.

Фабриката ќе биде изградена во Себеш, во централна Романија, а треба да биде завршена до 2024 година, пишува Романија инсајдер.

Во него, локалните подружници на Мерцедес-Бенц, „Стар асембли“ и „Стар трансмишн“, ќе произведуваат електрични мотори за новата линија на електрични автомобили со батерии.

Како што се наведува, групацијата Мерцедес веќе инвестирала речиси 600 милиони евра во производствен капацитет, особено во фабриката за менувачи во Себеш.

Така, осум-брзински автоматски менувачи со двојна спојка, како и менувачи со девет брзини за Мерцедес-Бенц, се склопуваат во „Стар асембли“, а групацијата „Дајмлер“, преку своите две подружници во Романија, „Стар трансмишн цугар“ и „Стар асембли Себеп“, има повеќе од 3.000 вработени.