Мелони ќе се сретне со Вучиќ вечер во Белград


Италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе се сретне денеска со српскиот претседател Александар Вучиќ во српската престолнина Белград, се наведува во соопштение објавено на веб-страниците на италијанската Влада и на српското претседателство.

Мелони вечер ќе биде гостин на официјална вечера што ја организира Вучиќ.

Тема на разговорите ќе биде процесот на приклучување на Србија кон ЕУ и НАТО, забележува италијанскиот весник „Ил Џорнале“, додавајќи дека овој процес е фронт на кој Мелони одамна е ангажирана, бидејќи е уверена дека ова е „најдобриот дипломатски одговор на експанзионистичките аспирации на (рускиот претседател) Владимир Путин“.