Мексико ќе му понуди азил на Моралес


Министерот за надворешни работи на Мексико, Марсело Ебрард изјави дека неговата земја ќе му понуди азил на боливискиот претседател, доколку побара.

Владата на Мексико, предводена од претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, силно застана во одбрана на Ево Моралес.
Тие го поздравија „одговорниот став на претседателот на Боливија кој избра да поднесе оставка пред да го изложи својот народ на насилство“.
Мексико меѓу првите му честиташе на Моралес на победата кон крајот на октомври, покрај покренатите прашања за резултатите. Ебрард рече дека Мексико не ја прифаќа воената операција која се случува во Боливија и дека не смее да дојде до пуч.
Претседателот Ево Моралес под притисок на војската и повеќемесечни протести поднесе оставка, по речиси 14 години власт.