Мексиканката Овале стана најскапа фудбалерка во историјата


 Мексиканката Лизбет Овале стана најскапата фудбалерка во историјата откако американскиот фудбалски тим Орландо Прајд му плати на нејзиниот поранешен клуб, Тигрес УАНЛ Феменил, 1,5 милиони долари отштета.
Овале потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на соработката до 2028 година.
Трансферот на 25-годишната мексиканска интернационалка е рекорден во историјата на женскиот фудбал. Претходниот рекорд го држеше канадската фудбалерка Оливија Смит, која се пресели од Ливерпул во Арсенал за 1,3 милиони долари кон средината на јули.
„Многу сум среќна што доаѓам во Орландо. Доаѓам со јасна цел да освојам титула и да оставам свој белег во тимот“, рече Овале, која помина осум години во Тигрес, станувајќи најефикасната играчка на клубот во неговата историја.
Позната како Ла Мага, или Магионичарка, Овале постигна 136 голови и додаде 103 асистенции во 294 настапи за мексиканскиот клуб во сите натпреварувања., со што стана најефикасна фудбалерка во клупската историја.