Мекларен го напаѓа првото место во генералниот пласман; нова „пол позиција“ во Сингапур


 

Оваа квалификациска сесија донесе многу возбуда и неочекувани пресврти, поставувајќи ја основата за напната трка што следува.

Британскиот возач Ландо Норис во болидот на Мекларен ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Ф1 на Сингапур. Ова е негова шеста пол-позиција во кариерата, а најбрзото време го постави на патеката Марина Беј, пред светскиот шампион и лидер во генералниот пласман, Макс Верстапен од Ред Бул.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон се пласираше на третото место, додека неговиот тимски колега од Мерцедес Џорџ Расел заврши четврти. Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри ги заврши квалификациите на петтото место.

Карлос Саинц од Ферари, кој стартуваше од пол-позицијата минатата сезона во Сингапур, доживеа несреќа удри во ѕид. Иако не е повреден, Шпанецот ќе мора да ја започне трката од 10. позиција.

Верстапен моментално води пред Норис со 59 поени, со седум трки преостанати во сезоната.

Трката за Големата награда на Сингапур ќе се вози во недела во 14 часот.