„Мекдоналдс“ му дозволи на Трамп да продава сендвичи, но не го поддржува во трката


Американската корпорација за брза храна „Мекдоналдс“ објави дека се согласила да го ангажира поранешниот претседател Доналд Трамп да „работи“ на локација на компанијата во Пенсилванија минатиот викенд, но соопшти дека не го поддржува во претседателската трка.

Трамп во неделата накратко „работел“ на штандот за купувачи со возила во ресторанот „Мекдоналдс“ во предградието на Филаделфија и потоа одговарал на прашања со престилка, додека ресторанот за тоа време бил затворен.

Во објаснувањето до вработените во корпорацијата добиено од Асошиејтед прес во понеделникот, „Мекдоналдс“ рече дека сопственикот на ресторанот-операторот Дерек Џакомантонио го информирал раководството дека Трамп сака да дојде и компанијата се согласила бидејќи „една од нашите основни вредности е тоа што нашите врати се отворени за  сите“. Компанијата додаде дека „Мекдоналдс не поддржува кандидати за изборна функција и истото е во оваа трка за следниот претседател на САД. Ние не сме „црвени“ (републиканци) или „сини“ (демократи), ние сме златни“.

Гигантот за бургери од Чикаго рече дека неговите франшизи ги поканиле американскиот потпретседател Камала Харис, кандидат на Демократската партија, и нејзиниот кандидат, гувернерот Тим ​​Волц, во нивните ресторани.

Мекдоналдс рече дека „станал дел од дискусиите во овој изборен циклус“ иако тоа не го барал: во неколку наврати, Харис рече дека работела во „Мекдоналдс“ за да се издржува кога била студентка, а Трамп тврдел без докази дека Харис лаже.

Во меморандум до својот персонал, „Мекдоналдс“ истакна дека е горд на „убавите спомени на Харис од работата тука“ и ја повтори често цитираната сугестија дека 12 отсто од Американците некогаш работеле во „Мекдоналдс“.

Доаѓањето на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи: пребарувањата на Google за „бојкот на Мекдоналдс“ накратко се зголемија во понеделникот наутро, а некои корисници на Твитер ветија дека нема да одат во рестораните на синџирот по појавувањето на Трамп.

Крис Хејдок, професор по маркетинг на Факултетот за бизнис на Универзитетот Тулан,  рече дека одобрувањето на посетата е ризичен потег за „Мекдоналдс“ бидејќи неговото истражување покажува дека кога брендовите се поврзуваат, без разлика дали намерно или не, со кандидати или ставови кои предизвикуваат поделби, клиентите кои не им се допаѓаат тие кандидати или позиции реагираат побурно од оние на кои не им пречат тие кандидати или позиции. Малите компании понекогаш сè уште можат да имаат корист од тоа, рече Хајдок, бидејќи добиваат внимание и клиенти, но во случајот со голема компанија како „Мекдоналдс“ нема такво нешто бидејќи сите веќе знаат за таа компанија.

„Трамп кој работи во Мекдоналдс не може да привлече повеќе клиенти“, рече тој. „Тоа може само да изнервира некои луѓе“.

Лори Розен, претседателка на фирмата за односи со јавност Розен Груп, рече дека „Мекдоналдс“ најверојатно нема да претрпи долгорочна штета од настанот на Трамп, но сепак се здоби со покривање на вестите и со публицитет.

„Не сум сигурна дали американскиот народ ќе има корист од тој публицитет. Сепак, Мекдоналдс ќе има“, смета таа.

Брус Њуман, професор по деловна етика и маркетинг на Колеџот за бизнис Дрихаус  се согласува: „Тие изгледаат како компанија која го привлекува вниманието на претседателските кандидати и која ја зголемува свесноста за брендот“.Њуман додаде дека Трамп веројатно се обидува да изгледа поинаку, полежерно, кон крајот на неговата кампања, со насмевка и престилка наместо јакна.

 

Денес Трамп веќе е во нов популистички филм и отиде на бербер. неговото појавување во „Мекдоналдс“ се коментираше и кај нас, а на социјалните мрежи имаше и фотографија од градоначалникот на Кисела Вода, кој многу пред Трамп готвеше за сиромашни и притоа испржи – купишта риба, додека за Трамп се тврди дека само „позирал“ пред одбрани лица и не продавал.