Меѓу загинатите и повредените во Лариса нема наши државјани


Фото: Б. Грданоски

Во врска со трагичната железничка несреќа близу градот Лариса во Грција МНР извести дека досега ниту до Министерство ниту до нашите дипломатско конзуларни претставништва не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во несреќата има и државјани на Република Северна Македонија.

-Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде чекаме и официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа.

Министерството останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради било какви причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција.

Информираме дека нашите контакти се отворени 24 часа, а на располагање се три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732, стои во соопштението на МНР.